Достапни линкови

Тоа е наш стар став и многу полесно би се решило прашањето за името доколку не би се покренувале тие идентитетски прашања како што е историјата, јазикот, културата, брендовите итн., вели професор Димитар Мирчев.

Вниманието на јавноста овој период е насочено кон занимавање со македонско грчкиот спор. Кон оваа проблематика деновиве се наврати и претседателот Ѓорге Иванов кој изјави дека може да се реши спорот, меѓутоа без да се задира во идентитетот. Исто така, според она што во јавноста го кажуваат претставниците на државниот врв, црвените линии на Македонија се на идентитетските прашања, вели професор Димитар Мирчев.
Тоа е наш стар став и многу полесно би се решило прашањето за името доколку не би се покренувале тие идентитетски прашања како што е историјата, јазикот, културата, брендовите итн.

„Тоа е наш стар став и многу полесно би се решило прашањето за името доколку не би се покренувале тие идентитетски прашања како што е историјата, јазикот, културата, брендовите итн.“

Инаку, изјавите во врска со македонско-грчкиот спор што дојдоа по средбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц, експертите ги оценија како веќе слушнати пораки пред секој важен настан, но дека од нив не може ништо спектакуларно да се заклучи.
Тоа одраз на веќе замореност и огромен притисок што се врши врз партијата на Ахмети дека треба да се реши прашањето. Мислам дека се соочува со огромен притисок, и внатрешен и надворешен.

ДУИ излезе со соопштение дека на работниот ручек кој се одржа во Њујорк, лидерот на ДУИ Али Ахмети и посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц се согласиле дека сега е најдобро време со храбри одлуки да се реши прашањето за името.

За Димитар Мирчев, изјавите во кои се посочува дека сега е време да се стави крај на спорот за името се еден вид веќе вообичаен речник и немаат влијание, меѓутоа дека средбите се во интерес на процесот што се води.

„Ахмети не е овластен да преговара и да дава предлози, меѓутоа сигурно е дека изразувањето интерес за средба и за разговор со Нимиц и од негова страна може многу да помогне во процесот“, вели Мирчев.

Професор Мерсел Биљали оценува дека изјавите повеќе имаат намена за домашна употреба.

„Тоа одраз на веќе замореност и огромен притисок што се врши врз партијата на Ахмети дека треба да се реши прашањето. Мислам дека се соочува со огромен притисок, и внатрешен и надворешен“, вели Биљали.

Тоа е стара појава, вели Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Според него, тешко е да се поверува, но изјавите дека сега е време да се реши името упорно опстојуваат. Прегледот на изјавите по секој важен настан го потврдува тоа, вели Трајанов.

„Постојано, како се наближува некој битен самит на ЕУ, постојано има најави дека сега е момент, крајно време да се реши прашањето за името, така што мислам дека вакви најави мислам дека има едно 50-тина и од таквите најави досега нема некој резултат. Клучно е тоа што македонскиот политички блок во основа треба да ја донесе одлуката околу решавање на спорот“, вели Трајанов.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG