Достапни линкови

Нетанјаху утре на средба со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин. Според Кремљ, на врвот на агендата на разговорите ќе биде конфликтот во Сирија.
Израелските власти се загрижени за планот на Москва да и продаде на сириската влада на претседателот Башар Ал Асад антиракетни батерии. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека продажбата на оружјето може да предизвика дестабилизација на регионот.
XS
SM
MD
LG