Достапни линкови

Министрите за финансии од еврозоната за заемите за Кипар и Грција


Во Брисел денеска ќе се состанат министрите за финансии на земјите од еврозоната, кои се очекува да постигнат договор околу исплатата на заемот за Кипар и Грција. Кипар би требало да добие три милијарди долари, како дел од пакетот помош, кој претходно беше договорен. Грција би можела да добие и до 7,4 милијарди евра. Станува збор за транши за мај и јуни во износ од 4,2 милијарди и 3,2 милијарди евра. Тоа се парите за првите две тримесечија од годината, потребни за покривање на финансиските потреби на земјата. За спасување на Грција од 2010 година се потрошени 240 милијарди евра. Министрите за финансии ќе расправаат и за Словенија, за која се очекува дека ќе побара европска помош и покрај планот на новата Влада тоа да се избегне.
XS
SM
MD
LG