Достапни линкови

Северна Кореја доби нов министер за одбрана


Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Северна Кореја го замени министерот за одбрана по само шест месеци на таа функција. Државната корејска новинска агенција, јави дека за шеф на вооружените сили е именуван Јанг Јонг Нам. Тој е опишан како релативно млад и малку познат командант. Тој доаѓа на местото на Ким Кјок Сик, кој беше назначен за шеф на одбраната во ноември минатата година. Промената на министерот за одбрана доаѓа во време на ескалација на тензиите во регионот, откако Северна Кореја изврши нуклеарна проба во февруари.
XS
SM
MD
LG