Достапни линкови

logo-print

Уште еден британски министер е за излегување од ЕУ


Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд.

Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд.

Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд е вториот член на владата што јавно поддржа излегување на Велика Британија од ЕУ. Во едно вчерашно интервју, тој рече дека на премиерот Дејвид Камерон мора да му се даде шанса да врати одредени овластувања од ЕУ на Велија Британија пред да почне кампања за напуштање на Унијата.

Министерот за образование Мајкл Гав веќе се изјасни дека е за излегување на Велика Британија од ЕУ. Камерон се соочува со бунт во неговата Конзервативна партија во врска со ЕУ. Околу 100 конзервативни пратеници изразија жалење затоа што во владините приоритети за годинава не е наведена легислативата за референдум за членство во ЕУ.

Камерон предложи одржување референдум во 2017 година ако неговата партија победи на парламентарните избори во 2015 година.
XS
SM
MD
LG