Достапни линкови

logo-print

Наваз Шариф почна со составување нова влада во Пакистан


Наваз Шариф лидер на Муслиманска лига на Пакистан.

Наваз Шариф лидер на Муслиманска лига на Пакистан.

Наваз Шариф ги почна обидите за составување нова влада во Пакистан, по победата на неговата Муслиманска лига на парламентарните избори во земјата. Првичните резултати од изборите што се одржаа во саботата покажуваат дека партијата на Шариф може да освои мнозинство во 342-члениот парламент. Според аналитичарите, ако не успее да освои мнозинство сам, ќе формира силна коалиција со независните пратеници.

Се очекува Шариф да го започне неговиот трет мандат како премиер, откако неговата влада беше соборена во воен пуч во 1999 година, а тој беше ставен во затвор. Ова е прв пат во историјата на Пакистан, цивилна влада да го истера целиот мандат и по избори да ѝ ја предаде власта на друга цивилна влада.

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека САД се подготвени да соработуваат со новата пакистанска влас како „еднакви партнери“.

Индискиот премиер Манмохан Синг му се јавил на Наваз Шариф за да му честита за победата на изборите и го поканил да ја посети Индија. Од индиската влада соопштуваат дека Синг изразил желба Индија и Пакистан да работат на трасирање нов курс на односите меѓу двете земји.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги пофали Пакистанците што и покрај заканите за терористички напади излегле на гласање во голем број.
XS
SM
MD
LG