Достапни линкови

Лукашенко во официјална посета на Ерменија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е во официјална посета на Ерменија, на разговори со тамошните власти. Се очекува тој денеска да разговара со ерменскиот претседател Серж Саркисијан. Предвидено е дискусиите да бидат фокусирани на понатамошниот развој на ерменско-белоруските односи, вклучително и на трговијата и економската соработка. Во текот на посетата Лукашенко ќе ја посети ерменската нуклеарна централа и ќе присуствува на отварањето на ерменско-белоруски трговски центар.
XS
SM
MD
LG