Достапни линкови

Турција и Сирија се обвинуваат за нападите во Рејханли


Турскиот град Рејханли во близина на границата со Сирија.

Турскиот град Рејханли во близина на границата со Сирија.

Турција и Сирија разменија обвинувања за двојниот напад со автомобил бомба во турскиот град Рејханли во близина на границата со Сирија во кај загинаа 46 луѓе. Турските власти соопштија дека во врска со нападот од саботата уапсиле деветмина турски државјани поврзани со сиријските разузнавачки служби. Турција соопшти дека уапсените признале дека учествувале во нападот. Сириските власти вчера негираа дека стојат зад нападот и го повикаа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да поднесе оставка, затоа што, како што велат, сака да изгради слава преку крвта на Турците и Сиријците. Во својот говор во Истанбул, Ердоган предупреди на турска одмазда, но рече дека Турција ќе се спротивстави на тоа да биде вовлечена во сириската граѓанска војна. Турција ги поддржува сириските бунтовници и бара оставка на сириската влада.
XS
SM
MD
LG