Достапни линкови

logo-print

Западните компании тестирале лекови во Источна Германија?


Германскиот неделник Шпигел објави дека западните фармацевтски компании ги тестирале новите лекови на повеќе од 50 илјади граѓани во Источна Германија пред колапсот на Берлинскиот ѕид 1989. Според Шпигел, големи компании од Западна Германија, САД и Швајцарија учествувале во студиите, од кои некои биле спроведени без да бидат известени пациентите.
Во текстот е наведено дека две лица починале во Магдебург. Околу 600 испитувања биле спроведени во 50 болници за кои властите на Западна Германија платиле по 520 илјади долари. Текстот во Шпигел е базиран на документи од Министерството за здравство на Источна Германија и тајната полиција Стаси.
XS
SM
MD
LG