Достапни линкови

logo-print

СЗО-новиот вирус е пренослив


Светската здравствена организација соопшти дека постојат докази дека новиот вирус сличен на САРС може да биде пренесен од човек на човек. Асистентот на генералниот секраатар на СЗО Кеџи Факуда го даде коментарот за време на патувањето до Ријад. 18 лица починаа од вирусот во Саудиска Арабија и Европа. Според Факуда, фактот дека случаите се појавуваат во кластери во неколку земји ја поддржува хипотезата дека вирусот е пренослив. Француските власти пријавија втор случај. Бил инфициран пациент кој делел соба со заболен од вирусот.
XS
SM
MD
LG