Достапни линкови

Стара шареноликост со нови нијанси во кумановскиот совет


Совет на општина Куманово, архивска фотографија.

Совет на општина Куманово, архивска фотографија.

Шареноликоста во секоја смисла и овојпат е застапена во новиот Совет на општина Куманово со разлики во минимални нијанси.

Времето ќе покаже дали ќе има соработка, разбирање и надминување на тесно партиските интереси во функционирањето на 33-члениот нов општински Совет во Куманово, велат советниците. Шареноликоста во секоја смисла и овојпат е застапена, со разлики во минимални нијанси, што според оние кои службено ја следат работата, во новиот состав има екстремни разлики помеѓу членовите, како според степенот на образованието, политичкото искуство, културата на однесување, стриктното држење до тесно партиските и личните интереси, така и според пренебрегнување на интересите на граѓаните.
Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово.

Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово.

Мислам дека советниците ќе работат за потребите на граѓаните, бидејќи се избрани од нив и нивната основна задача е да ги слушаат граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми.

Градоначалникот Зоран Дамјановски третиот мандат го започнува со старата поддршка од советниците од Коалицијата на СДСМ и ДУИ по добивање мнозинство како и во претходните два мандата. Тој се надева дека во новиот состав на Советот ќе има соработка во интерес на градот и граѓаните на Куманово како и претходните два состави.

„Во интерес на концептот на локалната администрација и Советот како орган кој ги корегира, носи одлуки, програми, буџет и сè она што е во надлежност на Советот. Се надевам дека ќе имаме прогрес на град Куманово.“
Сунчица Јосифова, советничка од СДСМ во општина Куманово.

Сунчица Јосифова, советничка од СДСМ во општина Куманово.


Драган Петковски советник од локалната опозиција на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ забележува:

„Мислам дека советниците ќе работат за потребите на граѓаните, бидејќи се избрани од нив и нивната основна задача е да ги слушаат граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми.“
Се надевам дека советот ќе биде продуктивен и ќе реши што поголем број проблеми од интерес на граѓаните. Сите ние без оглед на која партија или опција припаѓаме ќе работиме во интерес на граѓаните и во интерес на локалната самоуправа.

Драги Караџински од независната Група граѓани очекува:

„Сите партии застапени во Советот ќе излезат малку од партиските кругови и ќе работат за луѓето, за градот Куманово, за општината. Сметам дека ќе имаме некакво разбирање.“

Фериз Дервиши од ДУИ, кој го започнува четвртиот советнички мандат, вели:

„Очекувам конструктивност од сите членови, да има консензус да работат за доброто на градот Куманово, меѓусебно разбирање и во поглед на инфраструктурата и во другите работи за да Куманово се развива малку подобро.“

Со оглед на неговото долгогодишно советничко искуство, запрашан дали советниците ќе ги надминат теснопартиските интереси Дервиши вели:

„Целосна слобода ќе имаат сите членови и да го искажат своето мислење и да работат според своето убедување.“

Сунчица Јосифова од Коалицијата на СДСМ смета дека само со конструктивна работа ќе се надминуваат проблемите на граѓаните кои што им го дале мандатот:

„Се надевам дека советот ќе биде продуктивен и ќе реши што поголем број проблеми од интерес на граѓаните. Сите ние без оглед на која партија или опција припаѓаме ќе работиме во интерес на граѓаните и во интерес на локалната самоуправа.“

За претседател на Советот е избран Максим Димитриевски од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG