Достапни линкови

Неделен печат - МПЦ и односите со Бугарија


Прес-конференција на владиката Петар.
Прес-конференција на владиката Петар.

Глобус ги анализира пораките на владиката Петар, Република пишува за македонско-бугарските односи, а Капитал за апсењето на претседателот на БиХ.

Глобус - МПЦ не е никогаш успешна кога посакува да биде инклузивна
МПЦ не е никогаш успешна кога посакува да биде инклузивна. Така било во минатото, а тоа особено е случај сега, кога Владата и ВМРО-ДПМНЕ упорно форсираат демохристијанизација и тоа во една балканска варијанта.
Глобус.

Бугарскиот претседател Росен Плевенлиев.
Бугарскиот претседател Росен Плевенлиев.
Глобус ја анализира изјавата на владиката Петар дадена пред Велигденските празнувања со која, сигурно, во секоја друга држава ќе предизвикаше многу повеќе реакции, дури и гнев кај невладините организации кои, нели се борат за полова еднаквост, во медиумите и во јавноста. Ама бидејќи тоа кај нас го нема, или, пак, граѓаните се навикнаа на недобројните гафови на црковниот естаблишмент, а невладините, се чини, се изморија од нивното следење и евидентирање - реакцијата во Глобус за кажаното дека жените во Македонија имаат два големи грева и затоа не се совршени, како да останува осамен крик на жеден во пустина. Со ваквиот настап, заклучува Глобус, дефинитивно се потврдува дека МПЦ не е никогаш успешна кога посакува да биде инклузивна. Така било во минатото, а тоа особено е случај сега, кога Владата и ВМРО-ДПМНЕ упорно форсираат демохристијанизација и тоа во една балканска варијанта. Оваа власт си зацрта да го доведе во прашање лаицизмот, придобивка што кај нас постоеше повеќе од шест децении, а притоа не се разбира дека тоа, сепак, е најдобрата солуција за Македонија - прво, затоа што одвојувањето на црквата од државата е европска парадигма, и второ, бидејќи модерниот пристап во односот спрема религијата е добредојден во држава која е мултиконфесионална и мултикултурна.
Иако бугарскиот претседател Плевнелиев од Њујорк порача дека не излегле од него пренесените ставови од бугарскиот амбасадор во Брисел, Димитар Цанчев, за потеклото на македонската нација, изостана реакција од бугарското МНР. Од друга страна, бугарски аналитичар од Брисел за Република открива: Плевнелиев и цела Софија стои зад секој збор на Ценчев.
Република.

Република - Бугарски рецепт за добрососедство со грчки зачин

За новата димензија на македонско-бугарската сага пишува Република во анализата под наслов: „Бугарски рецепт за добрососедство со грчки зачин“. Го менува ли Софија курсот кога е во прашање Македонија и нејзиното државно име, под кое прва воспостави односи со новата држава на Балканот, прашува авторот, па додава: Иако бугарскиот претседател Плевнелиев од Њујорк порача дека не излегле од него пренесените ставови од бугарскиот амбасадор во Брисел, Димитар Цанчев, за потеклото на македонската нација, изостана реакција од бугарското МНР. Од друга страна, бугарски аналитичар од Брисел за Република открива: Плевнелиев и цела Софија стои зад секој збор на Ценчев.

Капитал - Ѓаволски добро завршена работа

„Ѓаволски добро завршена работа“ е насловен коментарот во Капитал во кој, преку примерот на босанската агенција за истрага и заштита, под чија директива се уапси шефот на босанската федерација, Живко Будимир, се споредува работата на македонските антикорупционери и нивната пасивност и пристап од партиски аршини при откривањето на финансискиот криминал во државава. Капитал ги спомнува примерите за Санадер и за други крупни балкански ѕверки, па заклучува: Нема пардон, нема застарување... Криминалот секогаш остава траги и порано или подоцна бива откриван, а случајот Будимир покажува дека секогаш има „држава над држава“ и дека некој таму навистина ѓаволски добро работи и спроведува закон.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG