Достапни линкови

logo-print

Приведени 9 лица за нападите во Турција


Нападите во Рејханли

Нападите во Рејханли

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави денеска дека 9 лица биле приведени во врска со вчерашните напади во јужниот град Рејханли, во близина на границата со Сирија. Тој истакна дек приведените се турски државјани.
Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека нападите се дело на група, кој им е позната на турските власти и која има директни врски со разузнавачката служба на Сирија. Во нападите загинаа најмалку 43 лица. Сирија демантираше дека е вешана во нападите во Турција.
XS
SM
MD
LG