Достапни линкови

Папата прогласи 800 нови светци


Папата Франческо канонизираше повеќе од 800 нови светци. Папата денеска прогласи 813 маченици за светци од италијанскиот град Отранто кои биле убиени од отоманските сили во 1480 година, откако одбиле да ја прифатат исламската вера. Тој ја прогласи за светица и колумбијката Марија Лаура де Монтоја позната како Мајката Лаура Монтоја. Таа била родена во 1914 година и работела како учителка на домородците од Колумбија.
Франческо исто така ја канонизираше и мексиканката Марија Гвадалупе Гарсија Завала која им помагала на католиците за време на соборувањето на власта во 1926-29 година.
XS
SM
MD
LG