Достапни линкови

logo-print

Иран ја осуди употребата на хемиско оружје во Сирија


Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи ја осуди употребата на хемиско оружје и другите видови на оружје за масовно уништување. Тој во интервју за германски Шпигел рече дека Иран кој е силен сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад бил жртва на хемиски напади за време на војната со Ирак во 1980-те години.
Во петокот американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека имаат силни докази дека сириската влада употребувала хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG