Достапни линкови

Иванов-прашањето за името може да има завршница


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави дека Македонија и покрај сите блокади останува на цврстата определба за членство во ЕУ и НАТО. Тој во интервју за МИА порачува дека прашањето за името може да има завршница, ако се остане во рамките на резолуциите на ОН, Врменета спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Според него, ако се излезе од тие рамки и се навлегува во прашања за идентитетот, достоинството и човековите права, решение нема.
Тој изрази очекување дека на јунскиот Самит на ЕУ, европските лидери конечно ќе донесат одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија. Иванов изрази надеж и дека ќе се најде решение и за формирање на Комисијата за настаните од 24 декември.
XS
SM
MD
LG