Достапни линкови

Спречен терористички заговор во Египет


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Египетската полиција уапси членови на организација поврзана со Ал Каеда, кои планирале самоубиствени напади врз западните амбасади и други цели во земјата. Министерот за внатрешни работи Мохамед Ибраим на денешната прес-конференција во Каиро рече дека планот за самоубиствените бомбашки напади бил во финална фаза. Тој сепак не соопшти за кои странски амбасади се работи. Ибрахим рече дека биле уапсени тројца луѓе кај кои биле најдени 10 килограми хемикалии кои може да се искористат за изработка на експлозив. Тој исто така соопшти дека милитантите биле во контакт со лидерот на Ал Каеда надвор од земјата и оти биле обучувани во Пакистан и во Иран.
XS
SM
MD
LG