Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху ќе ја посети Москва


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја посети Москва и ќе разговара со претседателот Владимир Путин, соопштуваат руските власти. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков, ја потврди средбата која е планирана за наредната недела. Израелскиот весник Хаарец објави дека Нетанјаху и Путин ќе разговараат за продажбата на руско оружје на сириската армија, вклучително и продажбата на напредни противавионски системи С-300. Минатата недела Израел два пати бомбардираше цели во околината на Дамаск. Израелските власти изјавија дека нападите имале цел да спречат трансфер на софистицирано оружје до Хезбулах, моќната либанска шиитска организација која е во сојуз со Сирија.
XS
SM
MD
LG