Достапни линкови

Одложено повторното судење на Мубарак


Повторното судење на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак е одложено за 8 јуни. На Мубарак повторно му се суди за соучество во убиството на демонстрантите во Каиро. Мубарак и тогашниот министер за внатрешни работи, Хабиб ал Адли беа осудени на доживотен затвор минатата година во јуни. Но, во јануари, највисокиот суд во Египет ги прифати нивните жалби и нареди повторно судење. Мубарак беше соборен во февруари 2011 година по 18-дневно востание во кое загина повеќе од 840 луѓе.
XS
SM
MD
LG