Достапни линкови

Иранскиот преговарач Џалили се кандидираше за претседател


Шефот на иранскиот тим за нуклеарната програма, преговарачот Саид Џалили, се кандидира за претседателските избори кои треба да се одржат на 14 јуни. Џалили е на чело на иранскиот Врховен совет за национална безбедност од 2007 година. Тој е тврдокорен конзервативец и е близок до иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Камнеи. Денешниот ден е последна можност кандидатите да се регистрираат. За десет дена треба да се одобри конечниот список на кандидатите. Се претпоставува дека повеќе од 360 кандидати ги доставиле своите кандидатури, меѓу кои и поранешниот потпретседател Мохамад Реза Ареф, поранешниот парламентарен спикер Голам Али Хадад Адел, кој исто така е сојузник на Камнеи, градоначалникот на Техеран, како и братот на сегашниот претседател Давуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG