Достапни линкови

Иванов - Со дијалог до менување на предрасудите


Соживот на различностите како основа за мирно и толерантно општество, толкувано од социолошки и од теолошки аспект, беа теми на пленарните сесии „Да се живее заедно со почит кон различностите“ и „Плуралистичките општества и религиската толеранција“ во рамки на Третата светска конференција за меѓуверски и меѓуцивилизациски дијалог во Скопје. Дискутираа стотина учесници од различни конфесии и проучувачи на религиите.

Претседателот Ѓорге Иванов рече дека единствено дијалогот е она што може да овозможи стравовите, предрасудите и погрешните претстави да се менуваат.

„Еве 100 години после Балканските војни гледаме дека некои сè уште ја користат истата реторика, истиот речник, во 21 век не го признаваат правото на други сами да се идентификуваат, не признаваат човечко достоинство сами да се одредите она што сте. И во иднина тоа ќе се случува. Нема да се промени сè. Меѓутоа останува дилемата како денешните млади кога ќе бидат на наша возраст ќе се соочат во светот кој доаѓа“, истакна претседателот Иванов.
XS
SM
MD
LG