Достапни линкови

Во борба против нелегални превозници одземени 220 возила


Илустрација.

Илустрација.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска изјавија дека само во текот на изминатата недела запленети се девет возила кои вршеле нелегален превоз на патници. Во текот на минатата година и првиот квартал на оваа година во направените над 400 заеднички контроли биле одземени 220 возила. Деветте возила кои беа запленети минатата недела се во вредност од 10 милиони денари и тие ќе и припаднат на државата.
Министерот Јанакиески рече дека со оваа акција сакале да им излезат во пресрет на легалните превозници, со што анализите покажале дека бројот на патници кај легалните превозници бил драстично зголемен.
Покра одземањето на возилото, нелегалните превозници треба да платат и глоба од 500 евра.
XS
SM
MD
LG