Достапни линкови

Нема пролонгирање на дигитализацијата


Нема да се пролонгира рокот за почеток на дигитализацијата на телевизиите, изјави министерот за информатичко општество и администрациија Иво Ивановски. Тој рече дека датумот 1 јуни за почеток на дигитализацијата е одреден со Закон и доколку евентуално не се постигне договор и дигитализацијата не почне навреме сите телевизии можат да емитуваат програма преку кабелските оператори.

„Останаа неповолни 20 дена до почетокот на дигитализација до 1 јуни. Би сакал да апелирам уште еднаш до граѓаните да го купат сетап уредот за дигитализација, бидејќи на 1 јуни 2013 аналогниот систем се исклучува и ќе се вклучи дигиталниот територијален сигнал“, рече Ивановски.

Тој побара операторот ONE да ги намали цените за годишен надомест за дигитализација за 36 проценти. Годишната претплата на националните телевизии со намалување од 36 отсто би изнесувало 100 илјади наместо 150 илјади, а за регионалните телевизии 13 илјади, наместо над 20 илјади евра.

На првиот допис со барање за намалување на цената испратен пред една недела, ONE, според Ивановски, се согласила да ги намали цените за 10 отсто.
XS
SM
MD
LG