Достапни линкови

Проблем - Кој да учествува во мировниот процес во Сирија


Руски претставник изјави дека постојат несогласувања за тоа кој има право да учествува во сирискиот мировен процес, сугерирајќи дека тоа може да ги попречи напорите за организирање меѓународна конференција. Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот објавија дека Москва и Вашингтон сакаат да организираат конференција за Сирија и изразија надеж дека таа може да биде одржана овој месец. Западните и руските новински агенции цитираат неименуван руски претставник кој бил присутен на разговорите Лавров-Кери и кој вели дека меѓународна конференција „до крајот на мај е невозможна“. Русија се противи на санкциите кон Сирија, но ги поддржа повиците за формирање преодна влада. ОН проценуваат дека во двегодишниот конфликт во Сирија загинале околу 70 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG