Достапни линкови

Изменет сообраќаен режим за Скопскиот маратон


Macedonia - Skopje marathon 2013, poster - N/A

Macedonia - Skopje marathon 2013, poster - N/A

Утрешниот Скопскиот Маратон ќе ги затвори улиците и ќе го промени движењето на јавниот превоз. Од Град Скопје соопштуваат дека утре од 07.30 до 14 часот ќе бидат затворени улицата Димитрије Чуповски, булевар Илинден“, улица Франклин Рузвелт, улица Војвода Васил Чакаларов“(Адолф Циборовски), улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, потоа 11 Октомври, делот на булеварот Крушевска Република од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет ,булевар Трета Македонска Бригада од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со улица Фрањо Клуз, десната коловозна лента од булевар Јане Сандански од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар Србија.
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат и булевар Климент Охридски, улица Љубљанска, булевар Партизански Одреди, улица Московска.
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз.
XS
SM
MD
LG