Достапни линкови

На Мубарак повторно му се суди


Во Каиро денеска започна повторното судење на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. На Мубарак му се суди за соучество во убиството на демонстрантите во 2011 година. Државните медиуми објавија дека околу 3.000 полицајци се распоредени во импровизираната судница во Полициската академија во предградието на Каиро. Мубарак и тогашниот министер за внатрешни работи, Хабиб ал Адли беа осудени на доживотен затвор во јуни минатата година. Но, во јануари, највисокиот суд во Египет ги прифати нивните жалби и нареди повторно судење. Мубарак беше соборен во февруари 2011 година по 18-дневно востание. Повеќе од 840 луѓе загинаа во бунтот. Мубарак ја отслужува својата казна во болницата во затворот Тора во Каиро.
XS
SM
MD
LG