Достапни линкови

Историски избори во Пакистан


Гласањето на изборите во Пакистан продолжува и покрај смртоносни напади и закани од страна на пакистанските Талибанци. Неколку часа по почетокот на гласањето, полицијата соопшти дека најмалку 10 луѓе загинале во бомбашки напад во пристанишниот град Карачи. Пакистанските Талибанци ги осудија изборите како не-исламски и се заканија дека ќе го прекинат гласањето. Според извештаите на медиумите имало напад и во Пешевар, каде цел на нападите биле жените гласачи. При нападите е убиено најмалку едно лице. Во Северен Вазиристан, област упориштето на Талибанците, жените биле предупредени да не гласаат. За време на изборната кампања, повеќе од 120 луѓе беа убиени во нападите. Ова се историски избори во 66-годишната историја на Пакистан. За прв пат една влада го завршува целиот мандат и следната се избира со непосредно гласање.
XS
SM
MD
LG