Достапни линкови

БиХ: Кривична пријава поради купување гласови на изборите


Полицијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина поднесе кривична пријава против 57 лица кои се сомничат за организиран криминал и изборни измами, потврди денеска Управата на полицијата на федералното Министерство за внатрешни работи.
Федералната полиција не ги наведе имињата на пријавените лица, но според медиумите, станува збор за афера поврзана со купување гласови на изборите во 2010 година, која ја спроведуваше Народната партија „Со работа за подобар живот“ на чие чело се браќата Иванковиќ Лијановиќ.
XS
SM
MD
LG