Достапни линкови

logo-print

Лавров - базата во Белорусија не е против Европа


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека плановите на руската војска, за воспоставување воздухопловна база во Белорусија не е насочена кон Европа и не е одговор на европските планови за противракетен одбранбен систем. Лавров во Варшава на прес-конференција со германскиот и полскиот колега, Гвидо Вестервеле и Радослав Сикорски, рече дека Русија и Белорусија е единствен воен простор. Во Варшава Лавров беше на неформален состанок со министрите за надворешни работи на овие две земји со кои разговораше за редица прашања, вклучително руската соработка со НАТО, Европската унија и ситуациите во Сирија и на Корејскиот полуостров.
XS
SM
MD
LG