Достапни линкови

logo-print

Народна Банка очекува умерен раст и пониска инфлација


Народната банка останува на проекцијата за раст на БДП од 2,2 проценти за годинава и 3 проценти за наредната година. Во денеска објавената квартална ревизија на макроекономските проекции НБРМ прогнозира намалена инфлација од 3,2 на 2,8 проценти, повисок дефицит на тековната сметка и умерено забрзување на кредитниот раст.
„НБРМ очекува умерен раст на економската активност во оваа и нешто подобар во наредната година, движен од повисоката инвестициска активност и очекуваното закрепнување на извозот, а во следната година дополнително зајакнат и од повисокиот позитивен ефект од личната потрошувачка“,
рече денеска на прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов. Главни двигатели на растот, според НБРМ, годинава ќе бидат извозот и инвестициите, а следната година, покрај тие два фактори, се очекува личната потрошувачка да оствари дополнителен придонес во растот. Овој раст се очекува да биде поддржан преку одредено забрзување на стапката на кредитен раст.
XS
SM
MD
LG