Достапни линкови

Рускиот патријарх Кирил во прва посета на Кина


Рускиот патријарх Кирил ја започна првата посета на Кина како поглавар на Руската православна црква. Денеска тој има средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг, а е превидено да има средба и со православни верници во руската амбасада во Пекинг. Предвидено е Кирил, за време на 6-денвниот престој во Кина да одржи и неколку богослужби. Првите руски православни мисионери дошле во Кина од Сибир во 17-тиот век, а Кинеската православна црква се одвои од Руската во 1957-ма кога беа нарушени политичките односи меѓу Кина и Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG