Достапни линкови

logo-print

Бесими и Аврамопулос разговарале и за новиот предлог на Нимиц


Нема дуализам во Владата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Посетата на Грција е во својство на заменик претседател на Владата за европски прашања и е во функција на создавање клима на соработка, доверба што е од корист за двете страни, вели во интервју за МИА вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.
Прашањето за името, пак, било разгледано во контекст на евроинтеграциите. “Заклучивме заедно дека е потребно што побрзо изнаоѓање решение, прифатливо за двете страни, и оти процесот, кој се одвива во рамки на ОН со посредство на Метју Нимиц треба да се забрза до конечно решение, кое би значело прогрес во евроинтеграцијата на Македонија”, изјавил Бесими. Тој додава дека на средбата со Аврамопулос станало збор и за последниот предлог на медијаторот Нимиц. "Секако дека разменивме мислења и за тоа, но останува официјалните позиции да се процесуираат во рамки на регуларните преговори и тоа е најдобриот пат", изјавил Бесими.
XS
SM
MD
LG