Достапни линкови

Охрабрување наместо притисок за името


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски

Медиумите веќе објавија дека од медијаторот Метју Нимиц се очекува пред јунскиот самит на ЕУ да побара одговор од Македонија и од Грција за последните предлози.

Државните институции засега без многу да коментираат ги проследија изјавите во врска со македонско-грчкиот спор што дојдоа по престојот на вицепремиерот Фатмир Бесими во Грција, посетата на лидерот на ДУИ Али Ахмети на Вашингтон, меѓутоа и од еврокомесарот Штефан Филе кој рече дека топката сега е во наши раце. Ермира Мехмети Деваја од ДУИ пораките ги толкува, не како притисок, туку како охрабрување и создавање амбиент за решавање на спорот со Грција. Она што сега се очекува е да се покаже некаков напредок пред јунскиот самит на ЕУ, додава Мехмети Деваја.
Тоа не значи конечно решение или затворање на еден спор што трае повеќе од 15-тина години. Некој да очекува дека би се решил за 15-тина дена би било малку преоптимистички или преамбициозно да се очекува.
Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.

„Тоа не значи конечно решение или затворање на еден спор што трае повеќе од 15-тина години. Некој да очекува дека би се решил за 15-тина дена би било малку преоптимистички или преамбициозно да се очекува.“

Медиумите веќе излегоа со сознанија дека од медијаторот Метју Нимиц се очекува во почетокот на јуни односно пред јунскиот самит на ЕУ да побара одговор од Македонија и од Грција за предлозите што ги претстави на последната средба со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Еврокомесарот Штефан Филе изјави дека се надева дека предлогот на Нимиц ќе даде резултат.
Што со националноста и со јазикот? И тие дополнително би се решавале како што се решава името дополнително после Времената спогодба од 1995 година? Тука е целиот проблем, мора да се направи целиот пакет и едноставно кога ќе се договори нешто, тоа прашање еднаш засекогаш да биде затворено. Со Грција секогаш се остава подотворена врата за поставување нови услови.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

„Тие пораки всушност се да се даде некаков одговор во афирмативна смисла на веќе објавените предлози од страна на медијаторот“, додава Мехмети Деваја.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски проценува дека и во случај Македонија да прифати некаков предлог од Нимиц, Грција ќе инсистира на нови услови каде што настануваат нови проблеми со јазикот и нацијата, што, како што вели, суштински ги менува работите.

„Што со националноста и со јазикот? И тие дополнително би се решавале како што се решава името дополнително после Времената спогодба од 1995 година? Тука е целиот проблем, мора да се направи целиот пакет и едноставно кога ќе се договори нешто, тоа прашање еднаш засекогаш да биде затворено. Со Грција секогаш се остава подотворена врата за поставување нови услови. Факт е дека Грција не сака да го затвори ова прашање. Македонија нормално треба да покаже конструктивност, но и да бара од другата страна исто така да покаже конструктивност“, вели Божиновски.

Според грчките медиуми, Атина испрати јасна порака до Скопје, дека Грција ќе прифати име со јасна географска одредница. Исто така, според она што во јавноста го кажуваат претставниците на државниот врв кај нас, е дека црвените линии на Македонија се на идентитетските прашања.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG