Достапни линкови

Во светот повеќе корисници на мобилни од жители на планетата


Според најновиот извештај на Обединетите Нации, до крајот на оваа година во светот ќе има повеќе корисници на мобилни телефони отколку жители на планетата. Во моментов во светот има 6,8 милијарди корисници на мобилни телефони, а светската популација брои 7,1 милијарда. Според оваа студија, во земјите од поранешниот Советски сојуз, во просек секој човек има по два мобилни телефона, а 40 насто од светската популација е он лајн, односно користи така-наречени паметни телефони.
XS
SM
MD
LG