Достапни линкови

Досега над 1000 загинати под урнатините на зградата во Дака


Над илјада жртви досега се пронајдени под урнатата зграда на 24-ти минатиот месец во главниот град на Бангладеш, Дака. Спасувачките екипи и денеска пронаоѓале уште настрадани во урнатините и се страхува дека бројката не е конечна. Во зградата имало неколку текстилни фабрики и илјадници вработени. Над 10 лица се уапсени и се обвинети за негрижа за условите за работа во фабриките.
XS
SM
MD
LG