Достапни линкови

Во Скопје конференција за меѓу-религиски дијалог


Околу 110 странски и 150 домашни гости денеска и утре во Скопје ќе учествуваат на Третата меѓународна конференција за меѓу-религиски и меѓу-цивилизациски дијалог. Ќе ја отворат премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.
Тема на конференцијата е „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.
По официјалното отворање ќе се обратат претставници од странските партнери во организацијата на настанот - од УНЕСКО, Генералниот секретаријат на НАТО за жени, мир и безбедност и од Комитетот за религии и интеркултурно образование при Советот на Европа, а потоа обраќања ќе имаат претставници на верските заедници во Македонија - Македонска православна црква, Католичка црква, Евангелско-методистичка црква и Еврејската заедница во РМ.
Од исламската религија ќе има 14 претставници - верски претставници ќе има од Исламската верска заедница од Белград и имами од Америка, како и теолози и професори за религија од повеќе земји - Египет, Иран, Турција, Косово.
Исламската верска заедница од Македонија ќе ја бојкотира конференцијата зашто не биле исполнети некои нејзини барања.
XS
SM
MD
LG