Достапни линкови

Камерон и Путин ќе разговараат за Сирија


Сирискиот конфликт се очекува да биде главна тема на средбата меѓу британскиот премиер Дејвид Камерон и рускиот претседател Владимир Путин која денеска ќе се оддржи во Сочи. Претходно Камерон ја поздрави неодамнешната најава за руско – американска иницијатива за повик до сите сириски партии да учествуваат во интернационалната конференција со цел развој на преговори за политичка мировна спогодба. Во конфиктот кој што трае веќе две години загинале најмалку 70 илјади луѓе. Сириската опозициска национална колиција изрази сомнеж за какви и да било преговори во кои би биле вклучени претставници на режимот предводен од претседателот Башар Асад.
XS
SM
MD
LG