Достапни линкови

Обвинет српски милијардер за даночна измама


Српското обвинителство за организиран криминал официјално покрена обвинение против српскиот милијардер Мирослав Мишковиќ за злоупотреби и прикривање данок во вредност од стотици милиони долари. Обвиненија се покренати и против неговиот син Марко и уште осум лица. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите може да добијат пресуди над 10 години затвор.
Се претпоставува дека Мишковиќ, кој се наоѓа во притвор од декември, незаконски присвоил најмалку 200 милиони долари при приватизација на различни градежни компании. Висината на прикриените даноци се уште не е утврдена.
XS
SM
MD
LG