Достапни линкови

Сириското МНР го поздрави предлогот на Русија и САД


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Сириското министерство за надворешни работи соопшти дека го поздравува предлогот од Русија и САД за решавање на граѓанската војна во земјата. Според соопштението, реакцијата се однесува на приближувањето на средбата меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва. Двајцата дипломати соопштија дека нивните земји ќе организираат конференција за ставање крај на сирискиот конфликт.
XS
SM
MD
LG