Достапни линкови

Филе-ЕУ го надгледува Азербеџан


Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе ги отфрли критиките дека ЕУ не извршила доволен притисок врз Азербеџан во врска со казнувањето на граѓанското општество и неависното новинарство. За време на посетата на седиштето на Радио Слободна Европа во Прага тој рече дека Брисел ќе продолжи внимателно да ја надгледува посветеноста на Авербеџан на европските демократски вредности. Набљудувачкото тело на Фридом Хаус го рангираше Азербеџан на 156 место од 179 земји во однос на слободата на говорот, бидејќи властите апселе и затварале десетици опозициски демонстранти пред престојните избори во октомври на кои претседателот Илхам Алиев се очекува да освои трет мандат.
XS
SM
MD
LG