Достапни линкови

Граѓанската асоцијација Одраз со тужби против ЕВН


Невладината организација Одраз од Прилеп го тужи ЕВН за, како што велат, незаконска наплата на манипулативен трошок на сметките за струја.

Граѓанската асоцијација ОДРАЗ до прилепскиот Основен суд, поднесе тужбено барање против ЕВН, според нејзините стручњаци, за незаконска наплата на манипулативен трошок на сметките од ЕВН.
Државата и Уставниот суд ја укинале, таа е добиена тужба од еден наш сограѓанин, преку 3.800 тужбени барања ги обработивме сами, доброволно, волонтерски, немавме никаква донација за таа намена, потрошивме над 30.00 ливчиња, само за да докажеме дека бесправно им се земани пари на граѓаните и да им ги вратат тие пари. Тие пари се наши и си ги бараме, па макар и еден денар да биде и сакаме граѓаните да знаат, тој денар да го ценат и не треба никој да им го земе.

„Државата и Уставниот суд ја укинале, таа е добиена тужба од еден наш сограѓанин, преку 3.800 тужбени барања ги обработивме сами, доброволно, волонтерски, немавме никаква донација за таа намена, потрошивме над 30.00 ливчиња, само за да докажеме дека бесправно им се земани пари на граѓаните и да им ги вратат тие пари. Тие пари се наши и си ги бараме, па макар и еден денар да биде и сакаме граѓаните да знаат, тој денар да го ценат и не треба никој да им го земе“, вели Влатко Ристески, претседател на новоформираната невладина ОДРАЗ со седиште во Прилеп, а која според најавите ќе функционира на ниво на цела Македонија.
Влатко Ристески, претседател на невладината организација Одраз од Прилеп.

Влатко Ристески, претседател на невладината организација Одраз од Прилеп.


Во подготовка е уште една тужба против ЕВН, најавуваат од ОДРАЗ.

„Втората тужба ја спремаме за укинување на додадената моќност од 33 отсто на електричната енергија која бесправно ни ја земаат од 1987 година. Тогаш беше додадена како дополнителна ставка на дополнително потрошена енергија, имавме 300 киловати на евтина, 200 киловати на скапа струја, над тоа што ќе потрошиш, одеше плус 33 отсто, а сега им стана сладок тој колач, тие го оставија на цела потрошена енергија и сега добиваме 42 отсто додадени трошоци, веќе бараме уште една пресуда од Апелационен и Уставен суд од 1991 година и со тие документи ќе ја поднесеме заеднички“, додава Ристески.

ОДРАЗ најпрвин во Прилеп, а потоа во сите поголеми градови во државата со свои стручњаци ќе ги едуцира граѓаните за нивните права и начинот како да се заштитат. Целта е, велат од оваа невладина, да се подигне граѓанската свест на ниво на самоопределување, да знаат сами каде се трошат нивните пари, кои права треба да си ги бранат низ институциите на системот и која е законската граница што не смее да ја преминат ни институциите при решавање на кој било нивен проблем.

„Ќе имаме мобилни екипи кои цело време ќе реагираат за извршувањето, затоа што извршувањето кај сиромашните граѓани ја помина мерката, тие одат со насилни методи, а не ги прашуваат граѓаните дали имаат леб за јадење и како идат до леб и зошто останале должни. Секој еден граѓанин е добредојден во нашите канцеларии, ние се развиваме низ цела Македонија“, вели Ристески.

Оваа невладина организација најавува дека наскоро ќе излезе од печат и првиот граѓански информативен весник, кој што на почеток ќе се дистрибуира на регионот на Прилеп, а потоа и на национално ниво.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG