Достапни линкови

Дневен печат - Ахмети во САД, Бесими во Грција


Медиумите пишуваат за посетата на вицепремиерот Фатмир Бесими на Атина, но поголемо внимание посветуваат на турнејата на лидерот на ДУИ Али Ахмети во САД.

Освен вообичаените дипломатско-куртоазни изјави на Бесими и на Аврамопулос по средбата во Атина, поточно, она што тие сакаа да ѝ го соопштат на јавноста, сите медиуми во Македонија, некако рамнодушно и без многу врева ја проследија средбата на луѓето чии две држави никако да дојдат до компромис околу дведеценискиот проблем. И толку.
Ахмети не може сам да го реши спорот за името.
Нова Македонија.

Повеќе внимание предизвика престојот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во САД. Нова Македонија пишува дека: „Ахмети не може сам да го реши спорот за името“, но дека средбите со американските официјални личности можат да го промовираат во политички авторитет еднаков на премиерот Груевски, односно во фактор од кој генерално зависат сите процеси во земјата.
Трошоците за живот пораснаа за 3,3 отсто на годишно ниво.
Капитал.

Вечер излегува со сознанија дека „Нимиц ќе побара одговор од Скопје и од Атина до јуни, пред самитот на ЕУ“. Истото го објавува и Дневник, но како пишување на грчки „Етнос“.

За Владата, буџетот е во форма, но позајмувањата не запираат.
Утрински весник.
Економијата секогаш го пополнува недостигот од теми во весниците е впечаток што се наметнува кога подолго се следи пишувањето на дневниот печат во земјава: Вечер насловува дека: „Расте извозот во ЕУ, Македонија полека излегува од економската дупка“. Дневник ги пренесува оптимистичките прогнози на Европската комисија за домашната економија: Земјава годинава ќе забележела пораст на БДП поголем од растот во ЕУ. Во исто време, весникот забележува дека: „Паѓа прометот во трговијата со храна“ и дека граѓаните штедат на храна, пијалаци, тутун и на основни набавки.

Утрински во наслов пишува дека: „Сè помалку месо има на празничните трпези“ и дека за разлика од лани, граѓаните платиле многу поскапо месо, јајца, овошје и зеленчук. Дневниот Капитал објави дека: „Трошоците за живот пораснаа за 3,3 отсто на годишно ниво“.

Утрински насловува: „За Владата, буџетот е во форма, но позајмувањата не запираат“ - како своевиден коментар на изјавата на Ставрески за тоа дека, и покрај извесните тешкотии, буџетот е во добра кондиција.

Од политичките теми, главна е онаа за претстојниот конгрес на СДСМ кога ќе се избира нов лидер на партијата. Дневник пишува дека „Бихаќка ќе се развластува со делегати на Црвенковски“, а Утрински објавува интервју со еден од кандидатите за нов партиски претседател, Зоран Јовановски: „СДСМ ќе има лидер што ќе го победи Груевски - партијата мора да се врати на своите вредности“ - го цитира весникот соговорникот во насловот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG