Достапни линкови

Евтините метали ќе го урнисаат македонскиот извоз


Најголем дел од извозот од земјава отпаѓа на метали, посебно суровини, по што се текстилот и прехранбените производи.

Падот на цените на металите на светските пазари негативно ќе се одрази на македонскиот извоз, велат упатените. Најголем дел од извозот од земјава отпаѓа на метали, посебно суровини, по што се текстилот и прехранбените производи. Металопроизводителите не се достапни за коментар околу трендовите на светските пазари каде цената на металите е во тренд на опаѓање.

Тоа значи дека македонскиот извоз ќе има негативни ефекти од намалување на цените на металите. Од друга страна, може да има некои позитивни ефекти со тоа што ќе се намалат цените на суровините за металната индустрија во Македонија, но вкупниот ефект за нас ќе биде лош затоа што во намалувањето на суровините и намалување на вкупната цена ние ќе имаме и помал износ на новододадена вредност од кој македонската економија, особено извоз, нема да може да закрепне.
Универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Попоски вели дека нашиот извоз е поврзан со берзански производи кои се први на удар во услови на рецесија.

„Тоа значи дека македонскиот извоз ќе има негативни ефекти од намалување на цените на металите. Од друга страна, може да има некои позитивни ефекти со тоа што ќе се намалат цените на суровините за металната индустрија во Македонија, но вкупниот ефект за нас ќе биде лош затоа што во намалувањето на суровините и намалување на вкупната цена ние ќе имаме и помал износ на новододадена вредност од кој македонската економија, особено извоз, нема да може да закрепне во оваа и во наредната година за да може да ја повлече и вкупната економија.“

Во македонската економија металната индустрија учествува со една третина или речиси четириесет отсто од извозот. Без нејзино опоравување тешко дека може да се зголеми вкупниот извоз, вели Поповски.
Има икс начини и форми на коишто може да се помогне на стопанството, меѓутоа по сè изгледа дека нашата држава не е толку заинтересирана за навистина реално да направи нешто за стопанството кое од ден на ден е сè потешко и полошо, заборавајќи притоа дека ја сече токму гранката на којашто седи.

„Ние за жал немаме производи со високо технолошки карактеристики кои не се берзантски или производи од секторот на знаењето и услугите кои исто така не се берзантски и кои на пазарите во светот одржуваат релативно добри цени, но ние нив не ги произведуваме, или ако ги произведуваме, тогаш најмалку одат за извоз зашто се неконкурентни во споредба со другите“, вели Поповски.

За разлика од земјоделската дејност, извозно ориентираните компании не може да се субвенционираат бидејќи тоа би било во спротивност на правилата на Светската трговска организација во која земјава членува. Државата може да обезбеди поддршка за овие фирми и на други начини, забележува Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Има икс начини и форми на коишто може да се помогне на стопанството, меѓутоа по сè изгледа дека нашата држава не е толку заинтересирана за навистина реално да направи нешто за стопанството кое од ден на ден е сè потешко и полошо, заборавајќи притоа дека ја сече токму гранката на којашто седи.“

Потребни се стратегии со кои ќе се утврдат приоритетите, како за извозот, така и за целокупното стопанство, вели Кучи.

„Не може одеднаш сè, но треба да се гледаат приоритетите каде и како би можело да се плива во оваа по сè изгледа безизлезна состојба, затоа што ако секој ден тонеме сè повеќе и повеќе, еден ден ќе ни стане и безизлезна“, вели Кучи.

Минатата година претставници од металната индустрија побараа да се намали цената и пеналите за користење на струја.
XS
SM
MD
LG