Достапни линкови

Бесими: Интеграцијата во ЕУ заедничка цел на сите партии


Средба на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими со министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос. Грција, мај 2013.

Средба на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими со министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос. Грција, мај 2013.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими започнува нова традиција на европски појадок со дипломатскиот кор, а ја продолжува и старата на средби со поранешни вицепремиери за европски интеграции и двете во рамки на одбележувањето на 9 Мај - Денот на Европа. „Целта на ваков формат средби е фактот дека европската перспектива, односно интеграцијата на Македонија во ЕУ е заедничка цел и консензуално прашање на сите политички партии“, рече Бесими.
Одговарајќи на новинарско прашање, вицепремиерот Бесими рече дека и покрај пролонгираниот процес на пристапување кон ЕУ, поддршката на македонските граѓани и натаму е висока и се движи меѓу 70 и 90 проценти.
XS
SM
MD
LG