Достапни линкови

Ахмети: охрабрувачки пораки од Вашингтон


Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по вчерашните средби со претставници на американската администрација во Вашингтон оцени дека тие биле во насока на охрабрување да се најде компромисно решение за спорот со Грција. „Топката е на наша страна. Ние сме суверена држава. Соединетите држави никогаш не би придонесле за загрозување на интересите и суверенитетот на една држава. Топката е на наша страна и ние треба да изигриме добро“, изјавил Ахмети на прашањето дали е можно да има поголем американски ангажман по ова прашање. Ахмети имаше едночасовна средба со помошник заменикот американски државен секретар Филип Рикер, со неколкумина конгресмени, како и со Џулиен Смит, заменик националниот советник на американскиот потпретседател Џо Бајден. Ахмети во Њујорк треба да се сретне и со медијаторот Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG