Достапни линкови

Грчки медиуми: Грција ќе прифати име со јасна географска одредница


Димитрис Аврамопулос и Фатмир Бесими

Димитрис Аврамопулос и Фатмир Бесими

На вчерашната средба меѓу министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и заменик претседателот на македонската влада задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, според грчките медиуми, Атина испратила јасна порака до Скопје. Тие притоа го цитираат министерот Аврамопулос дека Грција ќе прифати име со јасна географска одредница. Исто така се пренесува и неговата констатација дека „фактот што постојат проблеми не значи дека не разговараме за работите“.
XS
SM
MD
LG