Достапни линкови

Кери- САД и ЕУ остануваат партнери на Балканот


Американскиот државен секретар Џон Кери во честитката по повод денот на Европа порача дека Сад и ЕУ и натаму ќе продолжат да бидат партнери на Балканот и ги пофали европските лидери за придонесот во договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Во соопштението од Стејт Департментот се наведува дека Кери во име на американскиот претседател Барак Обама и народот на САД, им го честита на народот на Европската Унија Денот на Европа.Кери наведе дека САД и ЕУ се поврзани со заеднички вредности и додаде дека минатата година заедно работеле на создавње побезбеден, подемократски и понапреден свет, меѓу другото и со хуманитарната помош за Сирија, подршката на граѓанското општество во Египет и демократскиот развој во Мјанмар.
XS
SM
MD
LG