Достапни линкови

Бан ја поздрави новата американско- руска иницијатива за Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја поздрави новата иницијатива на Сад и Русија со која се бараат разговори меѓу двете страни во сирискиот конфликт . Иницијативата беше обелоденета во Москва од американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Кери кажа дека Вашингтон и Москва ќе работат да организираат меѓународна конференција за Сирија во текот на месецот.Опозициските членови пак се скептични дека каква било иницијатива може да го смени претседателот Башар Ал Асад од власт.
XS
SM
MD
LG