Достапни линкови

Борис Березовски погребан во Лондон


Борис Березовски

Борис Березовски

Поранешниот руски олигарх Борис Березовски беше погребан на гробишта надвор од Лондон. Мртвото тело на Березовски беше пронајдено во неговиот дом во Британија на 23 март. Полициската истрага покажа дека тој се самоубил со бесење. Неговите пријатели соопштија дека тој бил во депресија по губитокот на неговото богатство.
Дел од причината за доцнењето со неговиот погреб беше дилемата дали вечниот дом на Березовски треба да биде во Британија или во Русија, каде го поминал поголемиот дел од неговиот живот. Березовски стана богат во деведесетите години на минатиот век со приватизацијата во Русија по колапсот на Советскиот сојуз.
XS
SM
MD
LG