Достапни линкови

Србија, БиХ и Турција за подобра меѓусебна соработка


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Министрите за надворешни работи на Србија, Босна и Херцеговина и Турција, Иван Мркиќ, Златко Лагумџија и Ахмет Давутоглу се сретнаа денеска во Сараево во рамки на подготовката за средба на шефовите на трите држави во Анкара на 14 и 15 мај. Министрите се согласија дека продлабочувањето на соработката и заедничкото учество на „четврти пазари“ е приоритет за трите земји и залог за просперитет на регионот во иднина.
Мркиќ изјави дека историјата ги испреплетела судбините на трите земји, сегашноста ги поврзува, а со сигурност и иднината ќе им биде заедничка. Лагумџија истакна дека во центарот на вниманието на средбата на врвот ќе бидат четири области за соработка - економија, образование, култура и туризам. Давутоглу изјави дека по првите средби, на кои тие разговарале со тешкотиите и проблемите, сега ќе се фокусираат на заедничката иднина.
XS
SM
MD
LG